(Видео) Санта мраз колку еден град се одвои од Антарктикот

Санта лед со големина на еден град се одвоила од ледената плоча Амери на Антарктикот, пренесуваат светските медиуми. Научниците велат дека сантата лед е со големина од 1,6 милиони квадратни километри, а тешка е 315 милијарди тони, но ја отфрлаат веројатноста дека овој процес е поврзан со климатските промени.

Од раните шеесети години во минатиот век, па се досега, не е забележан ваков сличен пример. Најголемата санта лед која се одвоила од Антарктикот била со површина од 9000 квадратни километри.

Амери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и е клучна за источниот дел на континентот Северна Америка, велат експертите. Тие предупредуваат дека мора вниматено да се следат состојбите во тие регионит, затоа што може да биде опасни за бродовите кои пловат во тие води.

Одвојувањето на сантите мраз е природен процес. Научниците објаснуваат дека на тој начин се одржува природната рамнотежа и се овозможуваат нови врнежи на снег и наноси на снежни покривки.

Експертите знаеле дека ќе дојде до одвојување на санта лед, но подрачјето Амери, местото каде овој природен процес се случил, не бил во нивниот фокус.

 

Текстот (Видео) Санта мраз колку еден град се одвои од Антарктикот е превземен од Reporter.mk.