(Видео) Сара скокнала во морето полно со ајкули за да се спаси од педофилот Епстајн

Сара Ренсон е жената која вели дека му била заложник на американскиот мултимилионер-педофил Џефри Епстајн, на неговиот имот, на приватниот остров. Сара вели дека шест месеци била препуштена на милост и немилост, но за тоа се осудила да проговори дури откако нејзиниот мачител бил најден мртов во затворска ќелија во Њујорк.

„Сакам да ги охрабрам и другите жртви да проговорат“, раскажала 35. годишната Шкотланѓанка, родена во Јужноафриканската Република, на новинарот на британски „Телеграф“.

Со Епстајн се запознала во 2006 година во Њујорк, каде студирала мода. Вели дека во тој период била млада и наивна. Имала само 22 години и била шворц. Во еден ноќен клуб на Менхетен, една жена ѝ се доближила за да ѝ раскаже за еден сјаен тип, кој можел да ѝ помогне да си ги оствари нејзините соништа.

Џефри Епстајн

„Беше така шармантен и харизматичен“, раскажува Сара за нивната прва средба со Епстајн. Неколку дена подоцна, жената од клубот повторно се јавувила за да ѝ каже дека сака да ја покани на островот Литл Сент Џејмс.

„Не знаев дека влегувам во гнездо на стршлени“, изјавила Сара и додава дека за кратко време таа завршила во приватниот џет „Лолита експрес“ на Епстајн. Тогаш сватила дека работите не изгледаат сјајно за неа.

„Џефри и една девојка почнаа да имаат секс на креветот. Хардкор секс, пред сите нас. Немаше никаква приватност. Веднаш откако стигнав на островот, почна злоставување. Ме силуваше три пати дневно. Обично ќе ме повикаше прво да го измасирам. Така почнуваа работите“, вели Сара и објаснила дека таа и другите девојки му биле на располагање не само на Епстајн, туку и на неговите гости.

„За шест месеци никогаш не видев дека работи. Никогаш. Буквално по цел ден ги напаѓаше девојките“, вели Сара.

Гислејн Максвел, богатата наследничка и подведувачка на Епстајн

Сара вели дена на островот за прв пат ја запознала и Гислејн Максвел, богатата наследничка на медиумскиот магнат Роберт Максвел, која му била подведувачка и му ги наоѓала девојките на Епстајн. Гислејн и Епстајн повеќе делувале како да се брат и сестра отколку како да се двојка.

Епстајн имал контрола врз сè на островот. По целиот остров биле поставени безбедносни камери, па откако некоја девојка ќе се одвоела, веднаш од обезбедувањето доаѓале по неа и ја враќале меѓу останатите. Набрзо повеќе не можела да го издржи пеколот и таканареченото секс-ропство. Сара вели дека се обидела да побегне.

„Тој ден ме силуваше трипати. Во тој момент ајкулите ми беа најдобри другари. Не размислував премногу за опасноста, мислев само како да побегнам“, раскажува Сара.

Дента кога побегнала во морето полно со ајкули, била решена да оди до крај. Била решена да плива до слободата. Сепак обезбедувањето на Епстајн кога ја виделе како бега, ја извлекле од водата и ја вратиле назад.

Подоцна ја однеле во Њујорк, каде живеела во една од куќите на Епстајн на Менхетен, заедно со неговите други жртви. Но, на девојките не им било дозволено да се зближуваат.

Предаторот Епстајн го контролирал секој аспект од нивниот живот. Сара вели дека морала да ослабе затоа што тој така и наредил. Морала да оди на лекар, кога тој мислел дека е потребно.

Сара Ренсон: Денот кога Епстајн е уапсен е најдобриот ден во мојот живот

„Џефри имал цела мрежа на луѓе кои не контролираат“, вели Сара.

Нејзината агонија завршила на почетокот на 2007 година, кога Епстајн ја испратил во Јужноафриканската Република за да му најде асистентка. Сара вели дека не ѝ паднало на памет да најде уште една девојка и да ја однесе, како што вели таа во пеколот.

„Нема сомнение дека денот кога Епстајн беше уапсен, беше најдобриот ден во мојот живот“, признала Сара за британски „Телеграф“

Педофилскиот остров на Епстајн: Од надвор изгледа како рај, а внатре како пекол

Сара пред месец дена сведочела на судењето кое го организирале за 20 од неговите жртви, каде го обвинила за сексуално злоставување и присилување на проституција. Таа уште во декември 2018 година со една нејзина колешка покренала граѓанска парница против Епстајн. Веднаш ја повлекла откако вонсудски се договориле.

Колку мултимилионерот платил засега останува непознато. Сара ја тужела и подводничката на Епстајн Гислејн Максвел, судски процес кој е во тек.

 

Текстот (Видео) Сара скокнала во морето полно со ајкули за да се спаси од педофилот Епстајн е превземен од Reporter.mk.