(Видео) Се омажи ќерката на Ел Чапо

Ќерката на најпознатиот светски нарко шеф Хоакин Гузман Ел Чапо, Алехандрина Жизел Гузман, се омажи за своето долгогодишно момче Едгар Казарес, братот на Бланко Маргарита Казарес, главниот преач на пари за картелот Синалоа.

Венчавката се одржа во главната градска катедрала во мексиканскиот град Кулијакану, престолнината на државата Синалоа. Двојката стина во конвој на бели блиндирани џипови. За безбедноста на венчавката се погрижиле посебен одред на платени убијци.

Ел Чапо не беше во можност да ја испрати ќерка му пред олтарот, затоа што се наоѓа во затвор во САД, каде е осуден на доживотна робија, плус 30 години поради убиство, перење на пари, трговија со дрога и рекетирање.

Алехандрина Жизел Гузман минатата година започна со свој бизнис. Таа го покрена сопствениот моден бренд „Ел Чапо 701“. Името на брендот е преземено од татко ѝ заедно со бројот кој го означува местото кое водачот на нарко-картелот го имал на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе од 2009 година.

Пред 11 години богатството на Ел Чапо било проценето над милијарда долари. Обвинителството во САД тврди дека Ел Чабо управувал со картелот кој поседувал имот вреден 12 милијарди долари.

 

 

Текстот (Видео) Се омажи ќерката на Ел Чапо е превземен од Reporter.mk.