(Видео) Се пошегувал со другар му, лажејќи го дека 10 години бил во кома

Американецот Том Мабе, решил да се пошегува со неговиот пријател Реј кој има проблем со алкохолот. Реј во 2013 година завршил на програмата за трезнење, откако ја добил петтата казна за возење во алкохолизирана состојба.

Тогаш Том му приредил вистинска претстава во болницата каде Реј бил хоспитализиран. Откако пијаниот другар се разбудил, Том и докторот кој го посетиле му кажале на Реј дека се разбудил во 2023 година и дека десет години бил хоспитализиран и бил во кома.

„Пред многу време вие сте решиле да возите автомобил во пијана состојба и дошло до несреќа. Сите воие години додека бевте тука, вие бевте во кома. Несреќата се случила во 2013 година, а сега е 2023 година“, му објаснил докторот додека Реј збунето го гледал.

Реј прво нешто за кое прашал била ќерка му. Тогаш Том и докторот му ја кажале вистината дека се пошегувале со него и дека им е јасно дека на Реј првото нешто кое му е најважно е семејството.

 

Текстот (Видео) Се пошегувал со пијаниот другар, лажејќи го дека 10 години бил во кома е превземен од Reporter.mk.