Руската компанија „Аурус“ која важи за прв руски ултралуксузен автомобилски бренд отвори изложбено продажен салон во Москва. Во салонот потенцијалните купци ќе можат да се запознаат со моделот „Сенат“, кој има мотор од осум цилиндри и две турбини, како и погон на сите четири тркала.
Целната група на купци на лимузината „Аурус, чија цела е 274.000 долари воглавно се клиенти во Северна Африка и на Блискиот исток, но е наменета и за европските и кинеските купци.
„Очекуваме сличен салон да биде отворен во Кина во 2020 година или 2021 година“, изјавил министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров, за време на церемонијата на отворањето на салонот во Москва.
Текстот (Видео) Се продава лимузината на Путин е превземен од Reporter.mk.