(Видео) Се сруши воен авион во Франција, пилот два часа висел на далековод

Француски пилот два часа висел на струен далековод, откако претходно успеал да се катапултира од неговиот авион, белгиски ловец Ф-16, кој се срушил во западна Франција, пренесуваат француските власти.

Инцидентот се случил кај градот Плувиње, пренесува „Асошиејтед прес“. Еден од пилотите безбедно слетал на земја, а за другиот кој паднал врз каблите на далеководот, морале да интервенираат спасувачките екипи.

Во областа каде паднал авионот никој не е повреден. Портпаролката на тамошната полиција изјавила дека стотина полицајци стигнале на местото на падот на авионот за да истражат што се случило.

Текстот (Видео) Се сруши воен авион во Франција, пилот два часа висел на далековод е превземен од Reporter.mk.