Два воени транспортни авиона „антонов“ тешко се оштетени по сударот што се случи на пистата на аеродромот во Картум во Судан.
Овој судар на авионите го забележале безбедносните камери на аеродромот. Локален сајт пренесе дека во несреќата се повредени осум лица. На прикажаната снимка, еден од авионите со голема брзина го удира другиот во задниот дел.
Двата авиона се тешко оштетени, а аеродромот е затворен. Одговорните лица на аеродромот пренесоа дека станува збор за судар на воените авиони „антонов Ан-26“ и „антонов Ан-32“.
Sudan Air Force AN 30 & AN 32, both crashed while landing at Khartoum airport ,the airport is closed now pic.twitter.com/xr6pB2Ct2i
— Sudan Defence Force (@SudanDefence) October 3, 2018
Текстот (Видео) Се судрија два авиона на писта во Судан е превземен од Reporter.mk.