Се урна авион на компанијата „Лајонер“ од Индонезија, со 189 патници и членови на екипажот. Авионот се урнал веднаш по полетувањето покрај брегот на индонезискиот остров Јава.
Портпаролката на Агенцијата за спасување на Индонезија, Јусуф Латиф, изјави дека авионот „боинг 737 MAX 8“ се урна и додаде дека ова е прва несреќа на овој тип авиони од почетокот на производството.
„Потврдено е дека авионот се урнал”, рече Латиф.
„Ројтерс“ објави дека авионот требало да патува од Џакарта – Пангкал Пинанг на островот Суматра, што е околу еден час летање.
Латиф додаде дека контролата на летањето изгубила контакт со авионот 13 минути по полетувањето и истакна дека авионот паднал во морето.
Министерството за транспорт соопшти дека во авионот имало 189 лица, 179 возрасни патници, едно дете, две бебиња, двајца пилоти и пет члена на кабинскиот екипаж.
Екипажот од авионот барал да се врати во Џакарта, а потоа исчезнале од радарот
Индонезискиот Генерален директорат за воздушен сообраќај објави дека екипажот на авионот на летот Џакарта – Панкал Пинганг, кој утрово се урна во морето, побарал авионот да се врати во Џакарта кратко време по полетувањето.
„Инаку, авионот на индонезиската компанија ‘Лајонер’ имаше технички проблем на претходниот лет, но тој проблем беше решен во согласност со процедурата на производителот“, рече извршниот директор на таа компанија, Едвард Сирајт.
(Видео) Извадени првите жртви од авионската несреќа
Извадени се првите жртви од авионската несреќа во Индонезија откако авионот на индонезиската компанија „Лајонер“, во кој имало 189 патници, се урна рано утринава во морето и потона во близина на островот Јава, само 13 минути по полетувањето од Џакарта.
Индонезиски спасувачки екипи ги извлекоа од морето првите тела откако авионот на компанијата „Лајонер“ утрово се урна во морето кратко по полетувањето, соопштија властите.
Откако спасувачите пронајдоа дел од остатоците од авионот, на површината на морето се обидуваат да го најдат трупот на авионот, објави „Ројтерс“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати писмо со сочувство до индонезискиот колега.
Властите стравуваат дека нема преживеани во несреќата, во авионот меѓу 189-те патници имало едно дете и две бебиња.
‘Debris’ spotted in waters off Indonesia.
On Monday morning, Lion Air #JT610 – carrying 188 passengers – crashed shortly after taking off from Jakarta.
(Tap to expand)
More updates: https://t.co/SrYhLopr3A pic.twitter.com/s86Jkqk7ak
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 29, 2018
Сирајт рече дека проблемот од претходниот лет ќе биде дел од истрагата за денешната несреќа, објави АП.
The aircraft involved in the reported crash of #LionAir flight #JT610 was a brand new Boeing 737 Max 8 according to certain reports.
— Ahmer Murad (@AhmerMurad) October 29, 2018
Текстот (Видео) Се урна авион со 189 патници во Индонезија – Нема преживеани е превземен од Reporter.mk.