(Видео) Шпанскиот крал и сопругата заробени во авион во Аргентина

Посетата на шпанскиот крал Филип VI во Аргентина, почнала со голем пех, откако кралската двојка морала да чека во својот авион повеќе од еден час, за да стигнат соодветни скали за нивното летало на пистата.

Инцидентот се случил во неделата вечерта, кога кралската двојка стигнала на аеродромот во Буенос Аирес.  На пилотите им требале 15 минути да стигнат до своето одредиште по слетувањето.

По паркирањето на авионот, членовите на кралското семејство останале еден час заробени во авионот, а причината била неодговорноста на службите и немањето соодветни скали за нивно симнување од авионот.

Инцидентот ги приморал шпанските и аргентинските министри за надворешни работи, како и останатите членови на владите, почесните гости и традиционалната почесна гарда, да стојат на пистата, чекајќи да стигнат соодветните скали за авионот.

На почетокот било предложено авионот да се пренасочи кон посебен аеродром во главниот град, но на крајот, биле најдени соодветните скали.

Текстот (Видео) Шпанскиот крал и сопругата заробени во авион во Аргентина е превземен од Reporter.mk.