Штипјани се туркаа кој прв ќе влезе во трговскиот центар „Елкос“, кој вчера организираше наградна игра и даваше големи попусти на дел од производите. Видеата од отворањето на вратите и турканиците во трговскиот центар во Штип станаа хит на социјалните мрежи. Некои овие сцени ги споредија со тепачките на „блек фрајдеј“ во Америка, а други, пак, рекоа дека штипјани не се подобри од лесковчаните кои пред некој месец се тепаа за евтини пилиња на отворањето на „Лидл“.
Официјално Free Friday започна во Etc – Elkos Shtip , повелете и одберете си од големиот избор на продукти со попусти до -70% по најниски цени !!!
Gepostet von ЕЛКОС ЕТЦ – Штип am Freitag, 30. November 2018
„Имаше награди во десет колички, па се тепаат кој прв да ја дограби количката со награди“, „Се тепаа први да влезат, излегоа без ништо да купат“, „Понижување за народот“, „Војна во Штип“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Gepostet von ЕЛКОС ЕТЦ – Штип am Freitag, 30. November 2018
Текстот (Видео) Штипјани навалија на евтин шопинг, се туркаа кој прв да земе количка е превземен од Reporter.mk.