Утрово околу шест часот и дваесет минути, градот Загреб и околината беа погодени од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот е седум километри од градот Загреб.
Хрватските медиуми пренесуваат дека хрватската метропола се тресела силно десет секунди. Луѓето во паника почнале да излегуваат на улица. Во центарот на градот има материјална штета, а делови се без струја и вода.
Се рушеле и ѕидови на куќи, а оштетена е и катедралата. Засега не е познато дали има жртви, но од Итната помош пренеле дека добила голем број на повици од граѓани за помош.
Текстот (Видео) Силен земјотрес го погоди Загреб е превземен од Reporter.mk.