Земјотрес со сила од 6,7 стпени денеска го погоди пределот околу Јамгат, место кое се наоѓа на североисточниот дел од Јапонија. Земјотресот се случил околу 22:20 часот по локално време, на длабочина од околу 14 километри, а поедини жители изјавиле дека никогаш не почувствувале толку силен земјотрес.
山形です。
FPSやめました。#地震 pic.twitter.com/edK58Ja906— 東北ゆんじ (@sironekopopai) June 18, 2019
Поради земјотресот, кој се смета за еден од посилните, без струја останале речиси 10.000 домаќинства во два округа, додека железничкиот сообраќај е запрен во окрузите Јамага, Акита и Џоецу.
Бранот го погодил и брегот на Саката, исто така место во округот на Јамагата, но засега нема податоци за поголема материјална штета. Бранот немал голема висина за да ги загрози тамошните жители, а во меѓувреме предупредувањето за цунами било укинато.
Од секретаријатот за нуклеарна регулатива соопштиле дека не се вообичани абнормалности во нуклеарниот комплекс Кашивазаки Карива, кој се наѓа во тој оркук и чии седум едници не се во функција од 2012 година.
Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абеа, Јошида Суга, изјавил на вонредна конференција за медиумите, дека нема податоци дека имало проблеми во некоја од нуклеарките во Јапонија.
Текстот (Видео) Силен земјотрес во Јапонија остави 10.000 семејства без струја е превземен од Reporter.mk.