Синовите на убиениот новинар Џемал Кашоги јавно побараа да им се вратат посмртните останки на нивниот татко за да можат достоинствено да го погребаат.
Салах и Абдулах Кашоги во интервју за Си-ен-ен го опишале својот татко како великодушен и многу храбар. Тие изјавиле дека по смртта на нивниот татко, следните неколку недели ги поминале полни со омраза и несигурност.
„Навистина се надевам дека тоа што се случило не било болно за него и дека било брзо или дека имал мирна смрт“, изјавил Абдулах.
Властите во Турција тврдат дека Џемал Кашоги е убиен во режија на организирани екипи кои дошле од Ријат специјално поради него и ги бараат посмртните останки од новинарот. Претходно оваа недела главното обвинителство изјавило дека, откако го задавиле, убијците деловите од телото ги расфрлале на сите страни.
Властите во Турција, кои тврдат дека Џемал Кашоги е убиен во режија на организирани екипи пратени од Саудиска Арабија специјално да го ликвидираат новинарот, и понатаму ги бараат посмртните останки.
Претходно оваа недела главното обвинителство изјавило дека деловите од телото биле расфрлани затоа што Кашоги бил задавен и искасапен.
„Вашингтон пост“, од друга страна, објавил дека истражувачите се склони на теоријата дека телото било растворено во киселина. Извор близок до саудиското кралско семејство негира дека знаат каде се наоѓа телото.
Браќата Кашоги велат дека нивното семејство не може да се смири додека не го најде телото на нивниот татко.
„Сè што сакаме е да го погребаме нашиот татко“, изјавил Салах.
Текстот (Видео) Синовите на убиениот Кашоги го бараат телото на нивниот татко е превземен од Reporter.mk.