Хрватскиот фудбалски тренер Славен Билиќ, му помогна на Питер Џорџ (65) да се разбуди од кома и да се врати во живот. Џорџ, џелиот свој живот е страствен навивач на фудбалскиот клуб Вест Бромвич Албион, клубот кој во моментов го предводи Славен Билиќ.
Питер се заразил од коронавирус и состојбата толку му се влошила, што лекарите речиси кренале раце од него. Питер бил ставен на респиратор, во индуцирана кома. Органите полека почнале да му откажуваат. Неговата сопруга Тереса, му испратила порака на поддршка, но ништо не допирало до него. Тогаш Питер слушнал музика.
„Отсекогаш беше луд за Албион и си помислив дека можеби некоја од навивачките песни, ќе му помогнат да се разбуди. Го замолив еден мој пријател, диџеј, да направи компилација на некои песни. Кога ја пуштивме музиката, забележав како нозете и рацете на Питер, почнаа да се мрдаат. Тоа беа знаци на живот“, вели Тереса.
Приказната за Питер стигнала до водечките луѓе во клубот, кои веднаш контактирале со семејството.
Тереса ги замолила двајцата надраги играчи на Питер, Крис Брунт и Боб Тејлор, како и тренерот Славен Билиќ да снимат пораки за поддршка.
„Не требаше да им кажам двапати. По неколку дена, медицинските сестри ги пуштија пораките и Питер ги слушна“, вели Тереса.
„Здраво Питер, Слав е тука. Слушај, потребен си ни назад. Продолжи да се бориш. Слушнав дека си вистински фан и потребен си ни назад на мечевите. Чувај се и се гледаме за брзо време. Бог да те благослови“, изјавил Билиќ во видеото кое клубот го објави на социјалните мрежи.
Питер реагирал на гласот на Билиќ и неговата состојба од тој период почнала да се подобрува. Петок 13. во април, се покажал како среќен ден за Питер. Британецот бил симнат од респираторите и целосно заздравел од коронавирусот.
„Сега се шегуваме по дома. Него не му беа важни пораките од семејството, но кога му јавија луѓето од клубот, тогаш одма се крена на нозе. Од клубот покажаа дека не е сè во фудбалот, тој е и семејство. А семејството секогаш помага кога е потребно“, вели сопругата Тереса.
„Дури и целиот медицински персонал не можеше да поверува дека се разбудив од кома. Не им се веруваше дека толку херои се вклучија во оваа борба за мене. Силните пораки кои ги добив ќе ги чувам до крајот на мојот живот. Не можам да дочекам да се вратам на стадионот и да гледам како некои од момците играат. Никој не знае кога тоа ќе се случи, но јас ќе бидам таму“, изјавил Питер.
Текстот (Видео) Славен Билиќ му помогна на навивач да се разбуди од кома е превземен од Reporter.mk.