Служебинчка од Министерството за финансии стана хит на социјалните мрежи, откако на „Тик Ток“, се снимила како танцува во нејзината канцеларија, објави Канал 5.
По објавта, таа се извини на „Фејсбук“ велејќи дека видеото го снимила минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.
„Јавно се извинувам доколку ја ставив во несоодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, исто така сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.“, напиша службеничката.
Од финансии изјавиле дека се разочарани од ваквото однесување на вработената, со неа е направен разговор и ќе бидат преземени мерки.
„Навистина сме разочарани што ова фрла сенка на колегите од кризниот штаб кои деноноќно посветено и пожртвувано работеа за надминување на кризата“, велат од Финансии.
Извор/Видео/Канал5
Текстот (Видео) Службеничка од Министерството за финансии танцувала во канцеларија па се објавила на „Тик Ток“ е превземен од Reporter.mk.