(Видео) Снимен моментот кога настана хаварија во ракетата „Сојуз“

На космонаутите во руската ракета „Сојуз“, Алексеј Овничин и Ник Хејг, кој безбедно се приземија по хаваријата за време на лансирањето, не им била потребна никаква лекарска помош, пренесуваат руските медиуми.

„Приземјувањето мина во најдобар ред“, изјавил шефот на комитетот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Казахстан Владимир Бекер.

Спасувачките екипи се собраа и ги префрлија на космодромот „Бајконур“. Сеуште не е утврдено точното место на падот на првиот и вториот степен на ракетата „Сојуз“, која денес требаше да ги префрли космонаутите на Меѓународната вселенска станица.

Исто така, казахстанските власти сеуште не располагаат со информации за тоа која е количината на керозин која исчурила за време на хаваријата на ракетата.

Објавени се и првите снимки од космонаутите, а судејќи спред се и Алексеј Овчинин и Ник Хејг се добро.

Руските медиуми наведуваат дека системот за спасување „SAS“ по втор пат во историјата ги спасил животите на космонаутите.

Станува збор за ситем кој за време на хаваријата ја одвоил капсулата во која биле сместени космонаутите и потоа ја приземјил со помош на падобран.

 

Текстот (Видео) Снимен моментот кога настана хаварија во ракетата „Сојуз“ е превземен од Reporter.mk.