Група млади момци уште во осумдесетите години ги предвиделе глобалните проблеми со загадениот воздух со кои денес се соочуваат граѓаните во сите поголеми град на Балканот. Тие пред 30 години снимиле скеч во кој опишале дека маглата ќе биде толку густа, што и птиците ќе мораат да одат пешки и каде сите ќе носат некакви маски.
„Топ листа надреалиста“ била сараевска хумористична серија. Актерите правеле скечеви во кои ја прикажувале политичка и општествена состојба во денешно време.
Смислиле скеч во кој предвиделе дека поради густата магла леуѓето нема да може да гледаат прст пред око. Сценографијата во скечот е многу слична со описот на ситуацијата и времето денеска.
Креативната група млади луѓе, уште пред триесет години, предвиделе дека воздухот ќе биде загаден поради користењето на фосилните горива, старите автомобили и застарената индустрија.
Епизодата е емитувана во 1989 година, а во неа е прикажана апокалиптичната состојба во која животот на Земјата под притисок на загаденоста, полека почнува да згаснува.
Текстот (Видео) Снимиле скеч пред 30 години и го предвиделе загадувањето е превземен од Reporter.mk.