(Видео) Снимка од дедото кој случајно ја испушти внуката од крузер

На социјалните мрежи се појави снимка од дедото на кого летово случајно му падна 18 месечна внука од прозор на крузерот со кој пловеа. Салватор Сал Анело на 7 јули годинава, си играл со својата внука на крузерот кој бил закотвен на пристаниште во Порторико. Додека ја држел на прозорот на 11 кат, во еден момент случајно му паднала.

Салваторе вели дека со едната рака ја држел внуката, а со другата се држел тој за прозорот.

„Не помислив дека нема стакло додека не беше прекасно. Кога падна мислев дека падна пред мене. Сè се случи за неколку секунди“, објаснил Анело.

Тој изјавил дека не се плаши од судењето кое го очекува во Порторико.

„Тоа што Клои повеќе ја нема е казна сама по себе за мене. За ништо повеќе не ми е грижа. Не можам да добијам поголема казна од она што се случи. Дали ќе бидам прогласен за виновен или не, повеќе не ми е важно“, изјавил Анело.

Случајно ја испуштил внука му од крузер

 

 

Текстот (Видео) Снимка од дедото кој случајно ја испушти внуката од крузер е превземен од Reporter.mk.