Во главниот град на Северна Кореја, на главниот плоштад, се собрале илјадници луѓе кои 2019 година ја дочекаа со концерт и голем огномет.
Новата година со спектакуларна приредба е дочека ширум Азија, вклучувајќи го и Пекинг, Токио па и Пјонгјанг.
Не е познато дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун бил на прославата на централниот плотад или ја пречекал од друго место.
Live feed of North Korea’s New Year celebrations in Pyongyanghttps://t.co/MQvSA86lar
— Laura Bicker (@BBCLBicker) December 31, 2018
И во Пекинг се дочека Новата година. Кинезите не ги спречија температурите под нулата да излезат и да го прослават овој празник. Температурите стигнале и до девет степени под нулата.
Во Токио се собраа голем број граѓани кои со величествен огномет ја дочекаа новата 2019 година.
Текстот (Видео) Со концерт и голем огномет Северна Кореја ја дочека 2019 година е превземен од Reporter.mk.