Казахстанец од осмиот кат на една висококатница во Астана, спасил момче, кое сакајќи да излезе надвор, завршило да виси на надворешната страна на прозорот .
Детето било само и заклучено од страна на неговите неодговорни родители. Отворениот прозор од една од собите му се видел како идеална прилика откако изразило желба да излезе надвор. Несвесно за висината, момчето завршило да виси на надворешниот дел од зградата.
За среќа комшијата од подолниот кат го забележал на време. Настанот кој завршил со среќен крај бил снимен од друг комшија од соседната зграда. Тој го снимил спасувачкиот момент на својот мобилен, а видеото за кратко време станало вирално на социјалните мрежи.
В Астане парень поймал ребенка, упавшего с десятого этажа https://t.co/1A2CVxGrBI pic.twitter.com/kU8Mmzt4j5
— Yaplakal.com (@yaplakalcom) September 25, 2018
„За прв пат се најдов во таква ситуација. Стоев цврсто и ги ставив рацете под него. Момчето висеше петнаесет секунди и почна да се лизга. Додека леташе три метри до мојот кат успеав да го фатам“, изјавил човекот кој комшиите го слават како херој.
Пожарникарите стигнале на местото на инцидентот веднаш откако детето било спасено. На момчето не му била потребна помош и истото веднаш било предадено на родителите.
Текстот (Видео) Спаси дете кое висеше на деветиот кат е превземен од Reporter.mk.