Србинката Ивона Ивиќ, која работи како возач на автобус во државата Милвоки, САД, на 22 декември лани спасила премрзнато 19-месечно бебе што одело само, голо и босо на автопат. Таа возејќи на автопат го забележала тукушто прооденото бебе, речиси премрзнато, на тротоар покрај прометна сообраќајница, па застанала и го зела со себе, пишува Си-ен-ен.
Ивона застанала, го зела бебето од улица и го внела во автобусот. Една од патничките ја соблекла јакната и со неа го топлеле премрзнатото дете. Според медиумите, бебето излегло од дома само, без мајката, која имала психички проблеми и не забележала дека го нема дома. Таа го однела детето во болница, а оттаму го презеле социјалните служби кои го сместиле во прифатен центар и потоа го дале на неговиот татко.
Текстот (Видео) Србинка спаси премрзнато бебе што го нашла на автопат е превземен од Reporter.mk.