Емотивна средба на 88-годишниот татко и неговиот 53-годишен син со Даунов синдром ги разнежни луѓето ширум светот. Малком Колбринк и неговиот син Мет многу ретко се разделуваат, а сега не се виделе 5 дена, што им е најдолгата раздвоеност откако мајката на Мет почина пред 25 години.
Тие двајца живеат во Лос Анџелес, но во август сестрата на Мет го одвела својот брат во Њујорк за да се запознае со својот омилен бејзбол-играч Арон Џаџ. Снимката, која брзо се проширила на социјалните мрежи и добила преку 20 милиони прегледи, ја покажува нивната средба на аеродром.
Homecoming doesn’t get better than this. I think my brother missed my father after 5 days in NYC with my sister. ❤️✈️🤗⚾️
Gepostet von Marcy Cobrink Mayer am Montag, 13. August 2018
Мет „се фрла” во прегратките на својот татко и го опсипува со бакнежи, а таткото со голема насмевка уште поцврсто го прегрнува.
Снимката е споделена повеќе од 213.000 пати.
Текстот (Видео) Средбата на татко и син со Даунов синдром ги разнежни срцата ширум светот е превземен од Reporter.mk.