(Видео) Студентка се венча сама со себеси оти и се смачило да ја прашуваат зошто не е мажена

32 годишна студентка на престижниот Универзитет Оксфорд , Лулу Џемима , по потекло од Уганда реши да стане невеста и да се венча себе си, оти и се смачило да ја прашуваат кога ќе се мажи.

Џемима во целост и се посветила на науката и немала време да си најде идеален партнер. Но, рекла таа, постојано сите ја прашувале зошто не се мажи и кога ќе стане невеста. Таа дури и не размислувала за љубов , зашто била презафатена.

 

За да ги прекине распрашувањата за нејзината венчавка ,Џемима, на роднините и пријателите им пратила покани за свадба. Изнајмила венчаница , стоела пред олтар , па дури и одржала говор пред гостите на кои им објасни зошто на 32 години нема партнер покрај себе.

 

,, Веднаш кога ги пратив поканите, почнаа телефонските јавувања и сите сакаа да знаат кој е младоженецот. Им реков дека ќе бидат изненадени.” , вели Џемима.

Таа објаснува дека во нејзината родна земја Уганда , многу е важно жената млада да се омажи и да има деца. Нејзиниот татко го напишал свадбениот говор за свадбата на својата ќерка уште кога Џемима имала 16 години.

Од парите што ги добила како свадбени подароци од 279 – те гости Џемима планира да си го плати натамошното школување.

Текстот (Видео) Студентка се венча сама со себеси оти и се смачило да ја прашуваат зошто не е мажена е превземен од Reporter.mk.