(Видео) Танц на татковци и ќерки ги расплака мајките во битолска градинка

Танц на татковци и ќерки беше дел од приредбата по повод 8 Март во градинка во Битола.  „Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на „Фејсбук“ Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци  изиграа танц со нивните ќерки, во битолската градинка, на настап на приредба во градинка. Ова всушност бил подарокот наменет за нивните сопруги, по повод Денот на жената.  Идејата за едно вакво изненадување е на Анета Атанасовска и на тимот од градинката ,,Естреја Овадија Мара“, клон ,,Пролет”.

ПОСВЕТЕНО НА НАШИТЕ МАЈКИ, СОПРУГИ, БАБИ И СИТЕ ЖЕНИ – Честит 8-ми Mарт!ТАТКОВЦИ И ЌЕРКИ – ONE REAL LOVE!Дел од приредбата во градинката Естреја Овадија Мара, клон Пролет, група Срцки (4-5 год.) (особена благодарност за идејата и мотивацијата на воспитниот тим: Aneta Atanasovska – воспитувачка, Elisaveta Paunovska – негувателка и Snezana Ivanoska – проф.по музичко)

Gepostet von Александар Н. Тодоровски am Donnerstag, 7. März 2019

Текстот (Видео) Танц на татковци и ќерки ги расплака мајките во битолска градинка е превземен од Reporter.mk.