Најмалку десет лица се повредени денес во пожарот кој настана по силната експлозија на нафтен танкер во јужнокорејското пристаниште Услан, соопштиле припадниците на крајбрежната стража и противпожарните служби.
Службите додаваат дека пожарот во голема мера е угаснат и ставен под контрола. Според наводите на припадниците на крајбрежната стража, експлозијата на нафтениот танкер Столт Гренланд дошло околу 10:50 часот, пренесува светската агенција „Ројтерс“.
Во танкерот се наоѓале 25 морнари, вклучувајќи и Руси и Филипинци. Пожарот се раширил на друг танкер со име „Бау Далиан“, кој пловел под јужнокорејско знаме, а во кој се наоѓале 21 лице, вели еден припадник на крајбрежната стража. Сите морнари на двата брода биле спасени, но десет лица, повеќето работници на терминалот се повредени, велат од противпожарната служба. Меѓу повредените има државјани од Јужна Кореја.
Две лица се посериозно повредени. Станува збор за Јужнокореец и Индиец кои се во критична состојба
Текстот (Видео) Танкер со нафта експлодира додека минуваше под мост во Јужна Кореја е превземен од Reporter.mk.