Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на власта и опозицијата, пренесуваат тамошните медиуми. Тепачката настанала по расправијата за воената вмешаност на Турција на северозападниот дел на Сирија.
На видео снимките се гледа како повеќе од десетина пратеници од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и главната опозициона партија се туркаат и удираат додека другите се обидуваат да ја спречат тепачката.
Тепачките се чести појави во турскиот парламент. Конфликтот почна за време на говорот на Енгин Озкоч, член на опозиционата Републиканска народна партија, кој претходно на конференцијаа за новинари, Ердоган го нарече, нечесен, несватлив, мал и предавник.
Тој го обвини Ердоган дека испраќа турски деца во војна додека неговото потомство наводно избегнало долгогодишна воена служба. За време на говорот пред членовите на својата партија, Ердоган претходно ја обвини опозицијата дека е нечесна и предавничка, поради испитувањето на военото учество на Турција во северозападниот дел на Сирија во провинцијата Идлиб.
Напнатоста расте по смртта на повеќе од 50 турски војници во Идлиба во изминатите месец дена, вклучувајќи 33 кои се убиени во нападот во четвртокот. Турција испратила илјадници војници во Сирија за да помогне во спречување на руските офанзиви на сириската влада, за да ја врати провинцијата Идлиб и да ги поддржи борците на сириската опозиција.
Текстот (Видео) Тепачка во турскиот парламент е превземен од Reporter.mk.