Рускиот лидер Владимир Путин му ја исполнил желбата на петнаесетгодишниот тинејџер Арслан Каипкулов да го разгледа неговиот авион со кој патува.
Арслан имал можност да ја сними внатрешноста со камера која исто така ја добил од рускиот лидер. Тинејџерот го снимил внатрешниот дел кој бил декориран во неокласичен стил, светли бои, а имало и многу бела кожа и златни детали. Дури и тоалетот во леталото бил позлатен. Во авионот имало и целосно опремена теретана.
Авионот со кој патува рускиот лидер вреди 390 милиони долари и оправдано е наречен „летачкиот Кремљ“. Арслан вели дека се заљубил во авионот на рускиот претседател. Лицата кои го обезбедувале му ги покажале на Арслан претседателската сала за состаноци и раскошната соба со приватното купатило.
„Овој авион е најстрога чувана државна тајна. Ми беше чест да влезам во него“, изјавил Арслан.
Текстот (Видео) Тинејџер го сними „Летачкиот Кремљ” на Путин вреден 390 милиони долари е превземен од Reporter.mk.