Седумнаесетгодишна девојка е уапсена откако украла мал авион на аеродром во централна Калифорнија, а потоа го удрила во ограда.
„Девојката успеала да се прекачи преку оградата на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Френсо, влегла во авионот и удрила во оградата“, изјавил шефот на полицијата на аеродромот Дру Бесинџер, пренесува „Асошиетед Прес“.
Ниту еден патнички авион не бил во опасност поради тој инцидент, а во него никој не е повреден, додал Бесинџер.
Тој изјавил дека полицијата испитува зошто девојката го укарала авионот, но дека нема никакви индиции дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.
Текстот (Видео) Тинејџерка украла авион па го удрила во ограда е превземен од Reporter.mk.