Светските медиуми објавија снимка на која американскиот претседател Доналд Трамп, ја тера насила неговата сопруга Меланија да се насмее пред новинарите. Двајцата беа во посета на црквата свети Џон во Вашингтон, каде камерманите и фотографите ја снимија киселата насмевка на Меланија.
Се добива впечаток дека неговото барање не беше пријатно за Меланија, која направила болна гирмаса, пренесува британски „Метро“.
Двајцата за време на обиколката на црквата, застанале да се фотографираат. На снимката се гледа како Трамп побарал од Меланија да се насмее, а нејзината гримаса била сигнал на незадоволство, пишува „Метро“.
Трамп црквата ја посети во вторникот, додека во САД траат протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Ваквата посета наиде на осуда кај црквените лица.
Donald Trump appears to tell Melania to smile as the pair visit the Saint John Paul II National Shrine in Washington
The First Lady appears reluctant to follow his instructions
Read all the latest: https://t.co/QHU8FN78iz pic.twitter.com/CgTyXa5XCz
— The Telegraph (@Telegraph) June 3, 2020
Trump asks Melania to smile during today’s photo op. pic.twitter.com/B59YeDHKRM
— The Recount (@therecount) June 2, 2020
Текстот (Видео) Трамп ја натера Меланија насила да се насмее пред новинарите е превземен од Reporter.mk.