Американскиот претседател, Доналд Трамп, се најде во непријатна ситуација за време на прес-конференцијата со новинарите во овалната соба. Трамп требаше да се слушне на телефон со мексиканскиот претседател, Енрике Пења Нијето.
По безуспешните обиди да стапи во контакт, Трамп беше принуден да побара помош од своите служби.
„Јавете ми кога ќе биде на линија“, му порача Трамп на својот персонал.
Американскиот претседател нервозно ги стискаше копчињата на телефонот.
„Ова е голема работа. Многу луѓе чекаат на овој повик. Енрике?“, праша неколкупати Трамп, но не доби одговор од другата страна.
На крајот, на помош стигна еден од асистентите на Трамп, по што конечно го доби мексиканскиот претседател.
Текстот (Видео) Трамп нервозен, „цркнаа“ телефонските врски во Белата куќа е превземен од Reporter.mk.