Член на конзервативната американска група добил отказ откако на студентскиот самит, преку пројектор емитувал изменета верзија на претседателскиот печат.
На претседателскиот печат место едноглав, нашол двоглав орел, сличен на оној на руското знаме. „Би-Би-Си“ истакнува дека двоглавиот орел се наоѓа на знамињата на Србија, Албанија и Црна Гора, но оценува дека наведената верзија на печатот најверојатно се однесува на Русија, имајќи го во предвид мандатот на Трамп кој го одбележаа односите со Москва и претседателот на таа земја Владимир Путин.
Тоа не е единствената разлика во односот на оригиналната американска верзија. Наместо орелот да држи 13 стрели, кои ги претставуваат 13 првобитни држави, во неговите канџи се наоѓаат палки за голф што импутира на љубовта која претседателот ја има кон овој спорт.
Наместо маслинови гранчиња, во десната канџа орелот држи пари, напоменува „Би-Би-Си“. Претставникот на групата „Turning Point USA“, изјавил за „Вашингтон пост“ дека станува збор за грешка, која следела по брзата претрага преку интернет.
Инцидентот се случил кога американскиот претседател се качил на бината на самитот, по што било емитувано 12 минутна видео снимка за патот на Трамп до Белата куќа.
Текстот (Видео) Трамп посрамотен, двоглав орел се најде на неговиот печат е превземен од Reporter.mk.