Доналд Трамп се качи на претседателскиот авион со тоалетна хартија заглавена на неговиот чевел. Парчето бела хартија се гледа како се мавта залепена на чевелот додека американскиот претседател се качува по скалите во авионот.
Откога се качи, се сврте да отпоздрави со раката и влезе во авионот оставајќи го парчето хартија на врвот на скалите.
Ниту еден од неговите вработени не се обиде да го предупреди претседателот за проблемот, иако еден од нив се насмеа и му кажа нешто на колегата. Корисниците на Твитер побрзаа да прават потсмешливи шеги на сметка на главниот командант, еден од нив сугерирајќи дека инцидентот „го сумира целото негово претседателство“, додека друг го нарече „предмет на потсмев“
Текстот (Видео) Трамп со тоалетна хартија на кондурите се качи во авион е превземен од Reporter.mk.