Голем балон кои го прикажува Доналд Трамп како портокалово бебе, доби зелено светло да лета преку Лондон за време на државната посета на американскиот претседател.
Властите во Лондон, на чело со градоначалникот на главниот град Садик Кан, дал зелено светло за пуштање на огромната фигура на надувување. Организаторите планираат „бебето Трамп“ кое го прикажува светскиот лидер во пелени како држи мобилен телефон во рака, да прелета преку парламентот во вторник.
Ова е втора посета на американскиот претседател на државно ниво, а се очекува илјадници луѓе да протестираат против него во периодот од три дена колку што ќе престојува во Лондон.
Демонстрантите сега очекуваат дозвола и од полицијата во Лондон. Таа минатиот година во јули дозволи лет на балон во форма на Трамп.
Организаторите минатата година изјавија дека балонот ќе го пуштат да лета, ако јавноста донира 30.000 фунти за добротворни организации, кои се борат против политичката омраза и подеби. Таа цел тогаш беше исполнета, а сега границата е подигната на 50.000 фунти.
Текстот (Видео) Трамп во пелени повторно ќе лета над Лондон е превземен од Reporter.mk.