(Видео) Украинец со изум кој ќе спречи трагедии во авионските несреќи

Украинецот Владимир Николајевиќ Татаренко, смислил идеално решение за проблемот со безбедноста во авионите. Доколку неговиот проект заживее, би можело да бидат спасени голем број животи.

Авионот се смета за најбезбедното превозно средство во светот, но во случај на незгодо, смртта е речиси загарантирана. Научникот Татренко го осмисли изумот „Еркрафт“. Авионот би имал одвоена патничка кабина, која во случај на незгода, би се одвоила од носот на авионот и со падобран, безбедно би се спуштила на земјата.

За време на приземјувањето се активира и воздушните балони во долниот дел, со цел падот да го направи колку е можно поблаг. Целта на овој проект е да се намали бројката на загинати во авионски несреќи, а во иднина и целосно да се искорени.

Засега станува збор само за предлок, но доколку пректот заживее, може да се очекува вистинска револуција во безбедноста на авио сообраќајот.

 

Текстот (Видео) Украинец со изум кој ќе спречи трагедии во авионските несреќи е превземен од Reporter.mk.