На социјалните мрежи кружи снимка од двајца мажи кои се тепаат на сред улица, додека возачите од околните автомобили ги набљудуваат. Од непозната причина, мажот од возилото со бела боја тргнал да се пресмета со возачот позади него. По неколкуте примени удари, тој паѓа на земја.
На снимката се гледа дека и покрај неуспешните обиди, едниот од нив е упорен во намерата да ги реши сметките со другиот возач. По неколкуте примени удари и паѓања на бетон, на крај едниот од нив се враќа во своето возило и го продолжува патот. Настанот бил снимен од лице од трето возило кое доаѓало од спротивен правец.
Никој од останатите возачи кои се најдоа покрај нив, ниту, пак, минувачите не се обиде да ги сопре. Некои од нив снимаа и гледаа сеир. Во коментарите на социјалните мрежи голем број корисници се пошегуваа со нив. Некои напишале дека се тепаат како девојчиња, додека други сметаат дека нивните баби можат подобро да боксуваат.
Текстот (Видео) Утринска тепачка на двајца возачи сред улица е превземен од Reporter.mk.