(Видео) Венецуела повторно во мрак

Голем дел од Венецуела по втор пат остана без струја. Новинската агенција AFP пренесува дека голем број на граѓани ширум земјата, на социјалните мрежи се пожалиле и објавиле дека останале по втор пат во мрак.

Струја снемало околу 13:20 часот по локално време, а меѓу погодените места бил и главниот град Каракас.

Поради немањето струја, во градското метро во Каракас биле откажани три линии.

Текстот (Видео) Венецуела повторно во мрак е превземен од Reporter.mk.