Перуанецот Виктор Мартин Ангуло Кородба (11) е принуден да учи и да ги пишува домашните задачи под уличното светло, затоа што неговата мајка нема доволно пари да ја плати сметката за струја. Еден од соседите кој го снимил Виктор ја објавил снимката на интернет. Брзо потоа голем број луѓе се јавиле да му помогнат на Виктор.
Еден од нив бил и милонерот од Бахреин, Јакуб Јусуф Ахмед Мубарак. Јакуб долетал во Перу со намера да му го промени животот на семејството на Виктор. Тој веднаш ги платил сметките за струја, а ветил дека нивниот дом ќе биде реконструиран и ќе додаде уште еден кат.
Јакуб вели дека сакал да помогне затоа што и тој имал слично детство како Виктор.
„Благодарна сум им на луѓето кои дадоа помош на мене и мојот син. Им благодарам од срце за сета нивна добрина и што најдоа време да го посетат мојот скромен дом“, изјавила мајката на Виктор.
Виктор изјавил дека негова желба е да го продолжи школувањето и еден ден да стане полицаец кој ќе се бори против корупцијата, која е голем проблем во оваа јужноамериканска земја.
Текстот (Видео) Виктор пишува домашна на улица, затоа што семејството нема пари за струја е превземен од Reporter.mk.