Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) и изби на врвот на табелата во Б групата, пренесе Макфакс.
Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци.
Утре е слободен ден во групата Б, а в недела следи дуелот со Чешка.
Текстот (Видео) Во драматичен натпревар Македонија ја победи Украина е превземен од Reporter.mk.