Српската водителка Маја Николиќ за момент се исплаши додека ја водеше емисијата на „ТВ Прва“ од силниот гром кој се случи за време на невремето во Белград, кое го погоди во попладневните часови.
Громот се слушна и во студиото, а поради јачината, за момент снема струја и настана целосен мрак. За секунда беше прекинат и телевизискиот пренос. Водителката непријатно се изненади и за момент остана шокирана, но како вистински професионалец веднаш продолжи со разговорот со гостите.
„Надвор грми и врне. Тука се изгаснаа сите монитори, само да ја објаснам ситуацијата што се случува во студиото“, изјавила Маја.
Текстот (Видео) Водителката се исплаши во студиото од силниот гром е превземен од Reporter.mk.