(Видео) Водителот на вести остана смирен, додека зградата се тресеше од силниот земјотрес

Водителот на вестите на албанската телевизија „Њуз 24“ почна да гледа во таванот додека зградата се тресеше од силниот земјотрес кој ја погоди земјата. Тој остана професионален до крај, но неколку пати погледна кон таванот да види дали некој предмет, рефлектор ќе падне или пак ќе се урне целиот таван.

Утрово четири часот, силен потрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја погоди Албанија. Додека репортерот известуваше во живо, камерите го снимија моментот како водителот гледа неколкупати кон таванот.

Најсилниот земјотрес од 6,4 степени според Рихтер беше забележан во 3.55 часот по полноќ и беше проследен со серија послаби потреси.

Според последните информации, најмалку девет лица загинаа во земјотресот, а повеќе од 300 се повредени.

 

 

Текстот (Видео) Водителот на вести остана смирен, додека зградата се тресеше од силниот земјотрес е превземен од Reporter.mk.