Филмот на Стивен Спилберг од 1982 година стана мотивација за луѓето од американската компанија Xfinit да направат божиќна реклама со популарниот вонземајнин Е.Т. Видеото за кратко време стана популарно и досега го имаат видено повеќе од 10 милиони луѓе.
Во рекламата вонземјанинот се враќа во посета на својот стар, добар пријател Елиот за божиќните и новогодишни празници. Сега Елиот е семеен човек, а технологијата на Земјата е многу сменета и понапредна.
Емотивната божиќна реклама за само неколку дена освои милиони гледачи, а посебно ги израдува љубителите на класикот на Спилберг.
Текстот (Видео) Вонземјанинот Е.Т. се врати на Земјата по 37 години е превземен од Reporter.mk.