(Видео) Врзани, голи и жигосани луѓе се појавуваат низ улиците во Мексико

Минатата недела полицијата во мексиканскиот град Пуерто Ваљарта открила голи луѓе врзани за бандера.

Злосторникот, откако ги истрижал, жртвите ги жигосал со латинската буква „R“. Полицијата сè уште не знае кој стои зад овој напад.

Истрагата утврдила дека четворица од жртвите имаат модринки на своите задници. Многу брзо потоа се појавиле нови вакви случаи.

Од сите жртви, прозборел само еден маж велејќи дека непознати луѓе го киднапирале на неговата фарма и го претепале.

Другите не ги откриле имињата на сторителите или тврделе дека не се сеќаваат на ништо. Еден од нив побегнал веднаш откако го одврзале.

Без сведоци и други траги, полицијата претпоставува дека врзаните мажи биле крадци кои биле фатени на дело и биле оставени од страна на други одмазници за да служат за пример на другите.

 

Текстот (Видео) Врзани, голи и жигосани луѓе се појавуваат низ улиците во Мексико е превземен од Reporter.mk.