Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека Афроамериканците не се црнци, ако размислуваат за тоа да гласаат за неговиот противник, актуелниот претседател Доналд Трамп.
Бајден, чии гафови на американската јавност не ѝ се страни, изнесе нова непримерна констатација за време на интервјуто со познатиот афроамерикански водител со необично име Шарламејн Да Год.
За време на 18 минутното интервју, 77 годишниот Бајден ја истакна важноста на афроамериканските гласови, посебно имајќи во предвид дека ја однесе партиската победа во државата Јужна Каролина, каде гласачите црнци, го чинат 60% од гласачкото тело на демократскиот електорат.
„Победив во секој округ. Освоив најголем дел од гласовите на црнците, дури повеќе и од Барак Обама“, изјавил Бајден, додавајќи дека неколку Афроамериканци, се на списокот на неговите можни заменици.
Водителот подоцна го замолил Бајден да се врати во емисијата, затоа што има уште прашања за него.
„Ако имате проблем околу одлучувањата за тоа дали сте за мене или Трамп, тогаш не сте црнци“, одговорил Бајден, кој подоцна изразил жалење поради ваквиот коментар.
Пред крајот на интервјуто, водителот негодувал што Бајден морал да го скрати разговорот, наведувајќи дека тоа не може да го прави на „црнечките“ медиуми, на што поранешниот американски потпретседател возвратил дека тоа го прави и на „белите“ и на „црнечките“ медиуми, пренесува порталот „Кликс“.
Текстот (Видео) За Бајден Афроамериканците не се црнци ако гласаат за Трамп е превземен од Reporter.mk.