Авион на компанијата Lajon er ја промашил пистата за време на слетувањето во Понтианак во Индонезија. Авионот во моментите кога ја допрел пистата, паднал на нос.
Пилотот не успеал да ја задржи контролата над леталото поради силната бура. Додека работниците ги извлекувале патниците, дождот неприкинато паѓал.
Ова е уште еден инцидент на авиокомпанијата Lajon er. Во октомври 2018 година, авион со 189 патници и членови на екипажот се срушил по полетувањето во Џакарта. Во несреќата немало преживеани.
Текстот (Видео) За пет месеци две авионски несреќи, драматично слетување во Индонезија е превземен од Reporter.mk.