Божиќната реклама на Би-би-си и овој пат раскажа убава емотивна приказна. Особено акцентот е ставен на самохраните мајки кои работат напорно, за да го издржат семејството.
Во видеото се прикажани жена, која се обидува да балансира меѓу семејниот и професионалниот живот, и син, кој сака да ги помине празниците со мајка си.
Времето запира за време на празниците за да им помогне да се потсетат на радоста која ја носат моменти поминати со саканите. „Заедно за време на Божиќ“ – е пораката во видеото.
Текстот (Видео) Запре времето за самохраната мајка да го мине Божик со синот е превземен од Reporter.mk.