Норвешката служба за извршување санкции пред 25 години спровела низа реформи за наместо на одмазда да стави акцент на рехабилитацијата на осудениците. Норвешките затвореници кои поголемиот дел од денот го минуваат заклучени во ќелијата денес имаат можност да се обучуваат и образуваат.
Улогата на чувари е променета од корен. Додека во стариот систем стапката на враќање на криминалот по одлежената казна изнесувала 60 до 70%, две години по воведувањето на реформите, истата паднала на 20%. По пет години бројката стигнала до 25%. Денес затворениците вежбаат јога, која ги смирува.
„Не сакаме бесни и насилни затвореници на ова месо. Сакаме смирени и мирољубови затвореници“, вели директорот на затворот во Халден, Оре Хојдал.
Тоа воопшто не е евтино затоа што трошоците за сместување по затвореник изнесуваат околу 100.000 евра годишно, додека на пример, во Англија и Велс изнесуваат 45.000 до 55.000 евра.
Системот на динамичка безбедност подразбира чуварите и затворениците да работат сè заедно. Заедно да јадат, играат одбојка, одмораат, а истовремено чуварите разговараат со нив и ги мотивираат.
„Ние сме затворски службеници, а не чувари. Се грижиме за тоа осудениците да ја отслужат казната и на тој начин им помагаме да станат подобри луѓе. Ние сме нивни примери, тренери и ментори“, вели Хојдал.
Затворските ќелии се уредени на начин на затворениците да им обезбедат минимум чувство дека се зад решетки и да го ублажат нивниот психолошки стрес, а архитектурата е ускладена со околностите.
Затворот, чија изградба чинела повеќе од 150 милиони евра, се состои од двокатни згради и дрвени бунгалови, кои повеќе личат на универзитетски кампус отколку на затвор.
Околу нив растат дрва и ги опкружува дебел бетонски ѕид, но никаде нема бодликава жица, ниту електрична ограда. Секој затвореник има своја ќелија со тоалет, туш-кабина, фрижидер, маса, телевизор со рамен екран, кујна и поглед кон шумата.
„Не е лесно кога ќе ви ја одземат слободата. Во Норвешка казната подразбира само лишење од слобода. Останатите права остануваат. Затворениците може да гласаат, да се образуваат, да имаат право на лечење. Сите права им се гарантирани како и на секој друг норвешки државјанин. Погрешиле и мораа да бидат казнети, но и понатаму тие се човечки суштества“, вели Хојдал.
Од првиот ден на престојот во затворот почнуваат подготовките за нивно ослободување, а сите еден ден ќе бидат ослободени, затоа што во Норвешка не постои доживотен затвор.
„Ако кон нив се однесуваме како кон животни, ќе ги пуштаме на улица како животни. Ние го ослободуваме вашиот потенцијален иден сосед“, вели Ходај за норвешките медиуми.
Во гаражата во рамките на затворот затворениците од 8:15 часот до 20:30 часот (освен еден час одмор во ќелијата) учат автомеханичарски занает. Целта е да им се овозможи чувство на нормалност за да се подготват за нов живот надвор од затворот. Кога ќе бидат пуштени, многу од нив се квалификувани механичари, столари или готвачи.
Обуката за затворски службеник во Норвешка трае две до три години.
„Сакаме да спречиме да го повторат криминалот, што значи дека нашите луѓе мораат да бидат добро обучени“, вели Ханс Јрген Брукер од Универзитетскиот колеџ на норвешката служба за извршување казни.
„Моите студенти ќе учат право, етика, криминологија, англиски јазик, реинтеграција и социјална работа. Потоа ќе минат година дена на пракса во некој затвор, па ќе се вратат на полагање на завршни испити“, вели Ханс.
Управникот на затворот, Аре Хојдал, вели дека не се сеќава кога последен пат имало насилство во неговиот затвор. Тој вели дека полага големи надежи во новите проекти во затворот. Неодамна е основан и хор, затворениците добиле и музичко студио, а во план е да се организира божиќен концерт.
Текстот (Видео) Затворите во Норвешка се како хотели е превземен од Reporter.mk.