Коронавирусот агресивно се рашири речиси во секој ден на светот, заразувајќи повеќе од 130.000 луѓе. Сепак некои земји успеаа да се одбранат од оваа инфекција. Ако ја погледнете картата на светот на која се означени земјите во кои се потврдени случаите на коронавирус, ќе забележите дека африканскиот континент во најголема мера успеал да се одбрани. Експертите велат дека за ваквата ситуација најмногу влијаеле високите температури.
Иако вирусот стигна дури до Јужна Африка и иако сликата се менува од час во час, повеќето други земји на овој континент немаат потврдено случаи со коронавирус. Меѓу нив се и Либија, Нигер, Чад, Ангола, Намбија, Танзанија, Кенија, Етиопија, Мали, Мадагаскар.
На соседниот Арапски полуостров Јемен е единствената држава во која вирусот не е стигнат. Коронавирус нема регистрирано ниту во Сирија. Иако вирусот зафати мал дел и во Русија, речиси сите држави во опкружувањето, интересно иако се земји од Средна Азија, успешно се одбранија. Ниту еден случај не е регистриран во Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, Таџикистан и Киргистан.
Додека во Јужна Кореја расте бројот на заразени, од соседната земја Северна Кореја, најзатворената земја на светот, тврдат дека не регистрирале ниту еден случај на зараза со вирусот Covid-19. Иако некои аналитичари се сомневаат во точноста на оваа информација, Светската здравствена организација нема податоци за заразените во оваа земја.
Кога станува збор за земјите во западната хемисфера, мал е бројот на земји во кој вирусот стигнал до нив. Од земјите во кои вирусот не стигнал се Венецуела, Уругвај, Никарагва и Гватамела. На север, короната единствено не стигна до Аљаска. Нема заразени ниту на најголемиот остров на светот, Гренланд.
Во нашето опкружување, единствено само Црна Гора нема пријавено случаи инфицирани од коронавирус. Досега од новиот тип на вирус, починаа 4968 лица, а од вкупниот број на заболени, речиси 69.000 пациенти се излекувани.
Текстот (Видео) Земји во светот кои успешно се одбранија од коронавирусот е превземен од Reporter.mk.