Силниот земјотрес со магнитуда 7,1 по Рихтер, што ја погоди Калифорнија минатиот петок, создаде процеп на површината на Земјата што може да се види од Вселената, пишува порталот SFGATE.
Според нивните информации, процепот е формиран во близина на епицентарот на земјотресот, а процепот го регистрирале сателитите на компанијата Planet Labs. Покрај тоа, за промената на конфигурацијата на теренот сведочат и пукнатитините на делови од калифорнисните автопати. Токму затоа во моментов е затворен еден од автопатите и тој се санира од штетата.
Земјотресот со јачина на 7,1 по Рихтер што во петокот го погоди јужниот дел на Калифорнија, беше втор најсилен потрес што за една седмица го погоди овој дел од Америка. Како резултат на тоа, околу 200 илјади жители останаа без електрична енергија, а неколку лица беа повредени.
Текстот (Видео) Земјотресот во Калифорнија направи процеп што се гледа од Вселената е превземен од Reporter.mk.