(Видео) Жена заглавила три дена во лифт во зграда на милијардер

Маритес Фортализ од Њујорк останала цел викенд заробена во лифтот во зградата на милијардерот Ворен Стивенс, каде што таа работела. Пожарникарите успеале да ја спасат дури во понеделникот.

Семејството на милијардерот Ворен Стивенс не било во куќата за викендот, а Маритес ја забележале заробена во лифтот дури кога се вратиле во понеделникот.

Маритес (53) во петокот вообичаено влегла во лифтот во зградата на Менхетен, која била во сопствеништво на инвестициониот банкар.

Семејството на Стивенс веднаш ги алармирале пожарнкарите кои биле принуден на сила да го отворат лифтот. Маритес, која помагала во домот на семејството Стивенс веќе 18 години, веднаш била префрлена во болница.

Жената била целата дехидрирана, но лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна, пренесува „Би-Би-Си“. Како што објавиле британските медиуми, Маритес била заглавена меѓу вториот и третиот кат.

Текстот (Видео) Жена заглавила три дена во лифт во зграда на милијардер е превземен од Reporter.mk.