Виена и оваа година е на првото место на листата најпријатни градови за живеење, според годишниот индекс на Економскиот сојуз за живеење во светот.
Главниот град на Австрија, кој ги привлекува туристите со богатата историја и класичната музичка сцена, но и со зеленилото и одличните јавни услуги, лани го симна Мелбурн од првото место, кое го држеше седум години.
Виена и Мелбурн со години се борат за врвот во конкуренција на 140 градови и Виена годинава има резултат од 99,1 бод на листата од 0,7 до 100.
„Сиднеј скокна од петтото на третото место благодарение на подобрувањто на културата и екологијата, со зголемување на фокусот за влијанието на климатските промени“, вели Сојузот.
Текстот Виена втора година по ред е најубав град за живеење е превземен од Reporter.mk.